ВИДЕО: Мармуш се „чекираше“ во ПЛ со хет-трик, Сити лесно се справи со Њукасл

Манчестер Сити им се врати на победите во Премиер лигата и славеше со убедливи 4-0 (3-0) над Њукасл Јунајтед во натпреварот од 25. коло. Вистински херој на домашниот тим беше новото засилување Омар Мармуш, кој забележа хет-трик уште во првото полувреме. 

  • Манчестер Сити - Њукасл 4-0:

Египетскиот репрезентативец постигна три гола во периодот од 19. до 33. минута и му покажа на Њукасл дека нема шанси да сонува бодови на „Итихад“, а во вториот дел „граѓаните“ го приведоа мечот кон крајот со рутинска игра. Автор на конечните 4-0 беше младиот Џејмс Мекати, кој стрелаше во 84. минута од натпреварот. 

Избраниците на Пеп Гвардиола сега имаат 44 бода и избиваат на четвртата позиција на табелата, додека Њукасл е на седмото место со три бода помалку од актуелниот шампион. 

Екипата на Фулам се избори за важен триумф и славеше со 2-1 над Нотингем Форест, Борнмут го надигра Саутемптон со конечни 1-3, Брентфорд слави гостинска победа кај Вест Хем со 0-1, додека Астон Вила не ја оправда фаворитската улога и ремизираше на домашен терен против Испвич Таун со конечни 1-1. 

  • Саутемптон - Борнмут 1-3:

  • Астон Вила - Ипвич 1-1:

  • Вест Хем - Брентфорд 0-1:

Попладнево се игра дуелот во Лондон меѓу Кристал Палас и Евертон.

Состави

Пеп Гвардиола

4-2-3-1

    Еди Хоу

    4-3-3