Марковски: Имаме респект за Силекс, но посакуваме добар старт на сезоната

Работнички ќе му гостува на Силекс во првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Тимот на Љупчо Марковски и оваа година влегува во шампионатот со високи амбиции. Првиот тренер најави дека фудбалерите се подготвени за добар почеток на сезоната.

„Работевме напорно во изминатиот период и верувам дека сме добро подготвени за почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига. Се надевам дека ќе прикажеме добра игра и ќе оствариме поволен резултат. Имаме максимален респект за противникот, но секако веруваме и во нашите квалитети“, изјави Марковски.

Натпреварот меѓу Силекс и Работнички, кој се игра в недела, ќе го суди Јован Качевски од Струга.