• Зоран Мишевски

Се сеќавате ли на Лазар Марковиќ, кој своевремено играше за Ливерпул? Токму тој Марковиќ, кој до пред некој ден беше соиграч на Лука Станковски, до крајот на сезоната ќе настапува за Трабзон како позајмен играч од Газиантеп. Креативецот ќе ја дели соблекувалната со нашиот Енис Барди,
Два клуба, Газиантеп и Хатај излегоа од Суперлигата, неможејќи да го продолжат шампионатот по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 42.000 луѓе во Турција и Сирија.
Фудбалската федерација на Турција им дозволи на играчите од овие клубови да преминат во други клубови на позајмица до крајот на сезоната. Марковиќ тоа го искористи за трансфер во Трабзон и веќе се појави вчера на тренинг. Лазар оваа сезона одигра 22 натпревари за Газиантеп и постигна три гола.
На шести февруари турската влада ги суспендира сите спортски натпревари. Беше навестено дека фудбалското првенство може да продолжи на 22 февруари.