• Иван Димовски
Работнички претрпе висок пораз од 3-0 на гостинскиот меч против Торпедо Белаз кој се одигра во Унгарија во рамките на првото квалификациско коло на Конференциската лига.
„Романтичарите“ не успеаја во целост да му парираат на ривалот од Белорусија и убедливо загубија, а тренерот Бојан Маркоски на прес-конференцијата го анализира одиграното.
„Одигравме тежок натпревар и убедливо загубивме, иако сметам дека не заслуживме пораз од 3-0. Торпедо беше поискусен, знаеше да ги искористи шансите, имаше контрола на стартот и потоа беше подобар тим. Ние имавме можност во финишот на првиот дел да се вратиме, отворивме добро и во второто полувреме, ама имаше две ситуации во кои не реагиравме најдобро и примивме гол. Потоа неприфатливо беше тоа што во судиското продолжение ни дадоа и трет...
Имаме уште еден натпревар, ќе се обидеме да се вратиме од негативата и не се откажуваме“, изјави Маркоски.
Реваншот се игра на Арената „Тодор Проески“ следниот четврток во терминот од 18:00 часот.




