• Сашо Поповски

Фудбалерите на Вардар остварија нов пресврт во Втората фудбалска лига и во финишот прославија триумф на гостувањето кај Караорман (1-2) во петтото коло од тековната сезона.
- Караорман - Вардар 1-2:
Гостинот имаше повеќе шанси, но на крај мораше да се помачи за да го освои цел плен. Првиот погодок на мечот го постигна домашната екипа пред самата пауза. Една груба грешка на вардарци беше казнета со рутинска завршница. Десниќ се погрижи да го врати фаворитот во игра, постигнувајќи гол во почетната фаза од второто полувреме.
„Црвено-црните“ притискаа до крајот на мечот. Тие имаа иницијатива и беа подобар ривал на теренот. На крај ја дочекаа шансата и преку херојот Владимир Жоглев, кој со удар по земја ја замолкна домашната публика.
Минимална победа оствари Пелистер на гости кај Охрид (0-1). Мечот беше одлучен во самата завршница, кога гостинскиот тим постигна златен гол за три бода. Одбраната на домаќинот направи кобен прекршок за најстрога казна, која му овозможи на битолчани да погодат за конечно славје.
- Охрид - Пелистер 0-1:
Локомотива Пехчево и Тетекс одиграа без голови, а Коѓуф славеше на гости кај Борец (0-2).
- Борец - Кожув 0-2:
Детонит Плачковица на домашен терен извојува победа над Арсими со 3-1. Љуочо Димитковски дебитираше на клупата на Каменица Саса со реми против Беласица (1-1). Владимир Дујовски во 19. минута го отвори резултатот за домаќините, а израмни Коцев во 32. минута. Без голови заврши натпреварот меѓу Локомотива и Тетекс, а вчера ремизираа Гостивар и Беса (2-2).
На врвот се издвоија две екипи, Воска Спорт и Вардар со вкупно 13 бода по пет одиграни кола. Следат Гостивар со 11 и Пелистер и Детонит Плачковица со по 10 бода.