• Саше Љолес
Аргентинецот Маркос Сенеси е првото летно засилување за премиерлигашот Тотенхем, јави лондонскиот клуб.
Стоперот пристигнува од редовите на Борнмут, каде со голем успех настапуваше изминатите четири години. Во Тотенхем ќе го носи дресот со бројот пет. Договорот е веќе потпишан, а играчот ќе му се приклучи на новиот клуб на први јули.
Сенеси ја започна кариерата во Сан Лоренцо, а потоа настапуваше и за холандскиот Феенорд. Во дресот на Борнмут одигра 116 првенствени натпревари и постигна шест голови.
Тотенхем има сезона за заборав, затоа што едвај обезбеди опстанок во елитата. Амбииите се далеку поголеми за следната кампања, особено со доаѓањето на тренерот Роберто Де Зерби.

