Маркос Алонсо ќе биде новото засилување за Чави

Маркос Алонсо

Барселона пред неколку месеци стапи во контакт со Челзи околу трансферот на Маркос Алонсо.

Доаѓањето на Марк Кукуреља во лондонскиот тим ги отвори вратите за шпанскиот дефанзивец да замине на „Камп Ноу“. Преговорите се во завршна фаза и наскоро се очекува потврда на уште едно засилување на каталонскиот клуб. 31-годишникот сака што поскоро да ѝ се приклучи на новата екипа. Сезоната ширум Европа започнува овој викенд, па Чави Хернандез би го имал на располагање во следните натпревари на својата екипа.

Алонсо е дете на Реал Мадрид, кој во 2010 година замина во Болтон, а пред да го засили Челзи, ги бранеше боите на Фиорентина.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.