• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Марко Стојилевски е ново засилување на српскиот клуб Смедерево, кој продолжува со екипирањето на тимот во пресрет на новата сезона.
Дваесетгодишниот дефанзивец пристигнува во Смедерево по настапите за Брера Струмица, каде што минатата сезона стекна драгоцено сениорско искуство во Првата македонска фудбалска лига.
Стојилевски е производ на младинската школа на Вардар, каде ги мина сите возрасни категории и важеше за еден од најперспективните фудбалери од својата генерација.
Во текот на својата досегашна кариера беше стандарден член на младинските репрезентации на Македонија, а настапуваше и за селекцијата до 21 година.
Фудбалерот е висок 183 сантиметри и природно игра на позицијата десен бек, но по потреба успешно ги покрива и позициите во центарот на одбраната, што му дава дополнителна вредност.
