Марко Стојчески од Телеоптик се пресели во Бугарија

Младиот македонски фудбалер Марко Стојчески ќе има нов клуб и во следната сезона ќе игра во Бугарија.

20-годишниот лев бек кој минатата сезона ја мина во редовите на вториот тим на Партизан, популарниот Телеоптик, е нов член на бугарскиот клуб Нефтохимик.

Соработката е веќе договорена, па тој ќе му се приклучи на тимот кој игра во Втората лига на подготовките во Македонија.

Стојчески покрај за Телеоптик играше и за Тетекс, Македонија ЃП, како и младинските тимови на Вардар и Академија Пандев.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.