Марко Софијаноски последно засилување на Борец ова лето

Велешки Борец на крајот од преодниот рок доведе уште едно засилување, во обид да го подобри играчкиот кадар и да излезе од кризата на почетокот од Втората лига. 

Марко Софијаноски е млад и перспективен играч од нападот и ќе ги брани боите на велешкиот второлигаш во наредните шест месеци. Потекнува од младинската школа на Вардар, доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров, а претходно играше и за екипите на Тетекс и штипска Брегалница. 

Велешкиот клуб ова лето ги доведе: Давид Блажевски, Кристијан Јордановски, Стојан Петковски, Горан Димовски, Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берант Исмаил, Никола Филевски и Флорент Османи. 

По првите три кола во Втората лига, екипата на Борец уште нема бодови на своето конто.