• Мартин Танасковски

Екипата на Гостивар договори ново име во нападот и во новата сезона на располагање ќе го има Марко Симоновски кој се враќа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
32-годишниот Симоновски беше интернационалец во последната деценија. Доаѓа како слободен, а последниот ангажман го имаше во Узбекистан.
Покрај во Узбекистан, тој играше и за Дрита, Фероникели, Волунтари, Сепси, Лахти, Шахтер Караганди, Жетису, Сплит и Амкар Перм. На домашната сцена беше дел од Напредок и Металург.
Марко Симоновски има и три настапи за сениорскиот тим на Македонија.