• Мартин Танасковски
Македонскиот центарфор Марко Симоновски во новата сезона ќе има нов клуб затоа што си замина од редовите на косовска Дрита од Гниљане.
31-годишникот оваа сезона постигна дванаесет гола, но заминува од косовскиот клуб во нов предизвик. Симоновски беше дел од Дрита од 2021 година и со тимот ги оствари најголемите успеси во историјата под водство на Ардијан Нухиу.
Симоновски покрај за Дрита играше и за Фероникели, романски Волунтари и Сепси, фински Лахти, Шахтер Караханди, Жетису, Сплит, Амкар Перм, Напредок и Металург.