Марко Ројс е голем човек: Пиво за 80.000 фанови на Дортмунд на последниот меч!

Борусија Дортмунд се збогува со легендата Марко Ројс кој си заминува од клубот. На последниот меч на домашен терен на „милионерите“, Германецот доби голема почит од „жолтиот ѕид“.

Скоро 80.000 навивачи го испратија Ројс од клубот на последниот бундеслигашки дуел, а тој им возврати со пиво. Играчот ги честеше сите кои беа присутни на стадионот по едно пиво и испрати порака - „Ви благодарам за се! Последната тура пиво е на моја сметка“.

Следниот чекор на Ројс не е познат, а во Борусија Дортмунд остави голема трага со 12 сезони во кои одигра 427 натпревари и даде 169 гола. На последниот дуел пред публиката на клубот, Ројс даде гол и забележа асистенција.

Состави

Един Терзиќ

4-4-2

    Torsten Lieberknecht

    3-5-2