Марко Лозановски е нов фудбалер на Новаци

Второлигашот Новаци промовира ново засилување за втората полусезона во мак-фудбалот. 

Нов член на Новаци е Марко Лозановски. Станува збор за млад 19-годишен фудбалер кој ќе го има првиот сениорски ангажман. Ова момче првите фудбалски чекори ги направи во Пелистер, а потоа играше младински фудбал во Германија за екипата на Ергензинген. 

Лозановски настапува на крилните позиции, а по потреба може да заигра и како централен напаѓач. Тој го засили Новаци и ќе се обиде да помогне во втората полусезона од ВМФЛ. 

Досега Новаци го засили тимот со Стефан Секирски, Лука Лисолајски и Мартин Пивковски. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.