• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Марко Ѓорѓиевски го постигна првиот гол за романски Херманштат оваа сезона во рамки на Купот на Романија.
Центарфорот се најде во тимот на Херманштат на средбата против Ботошани. Тимот на Македонецот славеше со резултат 3-1, а тој ја завери победата.
Ѓорѓиевски го даде првенецот во 53. минута, откако до него дојде една топка во казнениот простор по грешка на домашната екипа.
Марко Ѓорѓиевски пристигна во Херманштат од редовите на Клуж, а претходно беше најдобар стрелец во ПМФЛ во дресот на Силекс.






