• Мартин Танасковски
Македонскиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски во новата сезона ќе има нов клуб, затоа што повеќе не е член на романскиот клуб Херманштат каде ја мина последната година.
26-годишниот центарфор по испаѓањето на екипата во понизок ранг, ќе бара нова средина. Претходно, Ѓорѓиевски во Романија беше дел и од екипата на Клуж.
Напаѓачот дојде во Романија по одличната авантура во Силекс, клуб во кој беше најдобар стрелец во ПМФЛ. Играше и за Брера, Шкупи, Борец и Вардар, а беше дел и од Вождовац и Раднички Пирот во Србија.

