Марко Ферукоски не е интересен ниту за Берое

Македонскиот фудбалер Марко Ферукоски не успеа да се задржи во уште еден клуб во Бугарија и останува слободен агент.

По пробата која ја имаше во Локомотив Пловдив, Ферукоски замина на проба и во редовите на Берое. Меѓутоа и од таму соопштија дека нема да го задржат македонскиот фудбалер за периодот кој следи.

Ферукоски досега играше во Германија, а во Бугарија ја бараше втората интернационална авантура по онаа во Луксембург, во Диферданж.

Своевремено Ферукоски важеше за најголемиот талент на Кикерс Офенбах. Таму ги мина сите младински школи. Играчот кој игра по левата страна во средниот ред беше дел од У18, У19, У20 и У21 селекциите на Македонија.