Марко Асенсио е најдобриот фудбалер под 21 година според „Л'Екип“

Марко Асенсио

Престижниот спортски весник од Франција „Л'Екип“ направи листа на најдобрите фудбалери родени од 1996 година и помлади, односно оние кои имаат под 21 година.

На првото место очекувано се најде Марко Асенсио, кој оваа сезона блеска во дресот на Реал Мадрид. Шпанскиот фудбалер ја предводеше својата репрезентација до финалето на Европското првенство во Полска, а исто така му помогна на „кралскиот“ клуб да го освои шпанскиот Суперкуп против Барселона со два спектакуларни гола.

Асенсио зад себе ги остави Деле Али, Килиан Мбапе, Осман Дебеле и Џанлуиџи Донарума. Во првите десет место најдоа уште и Габриел Хесус, Лерој Сане, Кингсли Коман, Маркус Рашфорд и Тимо Вернер.

Целата листа од ТОП фудбалери може да ја погледнете ТУКА.