• Саше Љолес
Марко Арнаутовиќ доби неверојатен пречек од навивачите на Црвена Звезда, откако официјално пристигна во Белград, каде се очекува да биде бомбастично засилување.
Австрискиот репрезентативец стана најплатениот играч во историјата на српскиот фудбал и го оствари сонот да настапи за белградскиот гигант, за кој одамна не крие дека има големи емоции.
Искусниот напаѓач дојде во Звезда директно од италијанскиот Интер, навистина редок трансфер за балкански услови. Во дресот на „нероаѕурите“ мина две сезони и постигна вкупно 14 голови, а пред две години се закити и со шампионската титула во Серија А.
Во Црвена Звезда се очекува да биде ударна „игла“ во нападот и да го предводи тимот низ силните предизвици во Лигата на шампионите.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.

