Марко Алчевски меѓу „пандевци“ до 2026 година

Еден од најдобрите млади голмани во Македонија, Марко Алчевски, официјално го продолжи договорот со Академија Пандев и ќе остане дел од колективот и во иднина.

Соработката на Алчевски и клубот истекуваше за шест месеци, меѓутоа од Струмица не оставија ништо на случајноста. Иднината на Академија Пандев се младите играчи, а Алчевски како капитен на У-21 репрезентацијата на Македонија ќе биде еден од темелите на клубот во наредните сезони.

Во следниот период клубот ќе продолжи со промовирање и ангажирање на најталентираните играчи во државата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.