Маркињос за хаосот на „Маракана“: „Бевме загрижени, на трибините имаше жени и деца“

Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација Маркињос изјави дека тој и аргентинските фудбалери се обиделе да ја смират ситуацијата на трибините пред почетокот на натпреварот меѓу двете селекции во рамки од квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2026 година.

Аргентина на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро го победи Бразил со 0-1, а почетокот на натпреварот беше одложен околу половина час поради нереди, по што дојде до тепачка меѓу бразилската полиција и аргентинските навивачи.

Овој дел од трибината беше резервиран за гостинските навивачи, меѓу кои беа семејствата и пријателите на играчите, а нередите траеја повеќе од триесет минути. Аргентинските фудбалери, со помош на дел од бразилските репрезентативци, се упатија кон трибините и се обидоа да ја смират ситуацијата.

„Бевме загрижени за семејствата, жените и децата кои ги видовме на трибините. На теренот ни беше тешко да разбереме што се случува, ситуацијата беше застрашувачка“, изјави Маркињос за бразилските медиуми.

Бразил за првпат во историјата врза три порази во квалификациите за Светското првенство и моментално ја зазема само шестата позиција на табелата со само седум освоени бода.

Состави

Доривал Жуниор

4-4-2

    Лионел Скалони

    4-4-2