• Александар Ковачев
Политичка нестабилност ја зафаќа Шпанија со референдумот на Каталонија за добивање на целосна независност, а сериозни последици од тоа би можело да има и фудбалската репрезентација на „црвената фурија“.
Доколку „РФЕФ“ забрани настап на Барселона во Примера, ако Каталонија изгласа независност, ФИФА ќе ја разгледува можноста и за суспензија на националниот тим на Шпанија од претстојното СП во Русија.
Според наводите на шпанска „Марка“, ФИФА евентуалното исклучување на Барселона би го сметала како политичко мешање во работата на фудбалската асоцијација на Шпанија, што според правилата на ФИФА е најстрого забрането. Дали ова се ќе биде вистина прво треба да се почека исходот од денешниот референдум, па потоа да се донесат евентуалните заклучоци и можните последици.
Очигледно доколку дојде до евентуално отцепување на Каталонија од Шпанија и забрана за настап на Барселона во Примера губи само фудбалот и вистинските фудбалски вљубеници, кои не можат да замислат дека во иднина нема да можат да го гледаат популарното „Ел Класико“.