• Мартин Танасковски
Никлас Бендтнер, фудбалерот кој настапуваше во Серија А, Бундеслигата и Премиер лигата, беше лидер на Розенборг во победата во Лига Европа против Вардар (1-3), а со неговата фантастична партија предизвика внимание низ светските медиуми.
Корпулентниот шпиц познат под надимакот „Лорд“ имаше гол од пенал кој самиот го изнуди, а потоа и магична асистенција со пета, при третиот гол на домаќините.
Внимание му посвети и „Марка“, која го објави неговиот потег и од каде новинарите се запрашаа, дали ова е „магија на Бендтнер, или се работи за чиста случајност?“.
NICKLAS BENDTNER JUST DID THIS MASTERCLASS ASSIST pic.twitter.com/5TG2RborEh
— Joni (@BenWoodboom) September 28, 2017
Бендтнер има 29 години, а во Розенборг пристигна од англиски Нотингем Форест. Во кариерата ги носеше дресовите на Арсенал, Јувентус, Волфсбург...