„Марка“ одушевена од Панчев, Најдоски и доминантната генерација на Црвена Звезда

Панчев

Шпанска „Марка“ одвои време за да напише мала приказна за начинот на кој што Црвена Звезда доминираше на крајот од 90-те и почетокот на 90-те години.

За еден од најпопуларните спортски весници на денешницата зборуваше романскиот интернационалец Миодраг Белодедиќ,  кој помина три години во дресот на „црвено-белите“ (1989-92). 

Тој раскажа за начинот на кој што заврши во Југославија и за неговите соиграчи, меѓу кои беа и македонските легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски.

„Не ми се допаѓаше политичкиот режим во Романија, па заминав во Југославија. Бев помлад и играв подобро од деновите во Стеауа. Постигнав големи успеси со Црвена Звезда. Нападот на екипата беше феноменален, од средниот ред до последната офанзивна линија имаше ѕвезда до ѕвезда.

Најдоски беше лидер на одбраната, а покрај себе ги имаше Михајловиќ и Југовиќ. Савичевиќ беше одличен во играта еден на еден, а Панчев беше „крал“ на казнениот простор, постигнуваше многу голови, особено со глава. Тука беше и Просинечки, преку кого одеше организацијата на играта“, се потсети Романецот.

Во 1991 година, Црвена Звезда стана европски првак, по пенал рулетот против Олимпик Марсеј, а херој на екипата беше нашиот Панчев кој не погреши и шутираше прецизно за историска титула.