• Мартин Танасковски

Шпанскиот весник „Марка“ излезе со најнова информација околу иднината на Лионел Меси и посочи дека тој нема да се врати во редовите на Барселона.
Според објавата на шпанскиот весник, десетката на ПСЖ ќе остане во францускиот клуб уште една година. Причината е да има добра подготовка за Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра во САД, Мексико и Канада.
Токму во таа 2026 година, Меси ќе замине во МЛС-лигата. Откако ќе го одработи договорот со ПСЖ, тој ќе има 39 години. По Светското првенство, ќе го заврши трансферот во САД каде веројатно ќе биде неговата последна станица во кариерата.
На спротивната страна, од „Л'Екип“ тврдат дека не се оптимисти околу останувањето на Лео Меси во Франција.