• Иван Димовски
Шпанските медиуми утрово пренесоа добри вести кои навивачите на Реал Мадрид, поврзани околу идниот тренер.
Имено, Чаби Алонсо си подал рака и се договорил за тригодишна соработка со „кралевите“. Младиот шпански стручњак беше единствената сериозна опција која долго се споменуваше за клупата на Реал. Се очекува Алонсо да го преземе водството на тимот во моментот кога Карло Анчелоти ќе ја напушти клупата, а тоа веројатно ќе биде по Светското клупско првенство.
Иако има скромно тренерско искуство, Чаби Алонсо се докажа во Баер Леверкузен. Шпанецот го водеше тимот до историска титула во Бундеслигата, а играше и финале на Лигата на Европа. Со тоа Алонсо се наметна и препорача во Реал Мадрид, каде што ќе ја продолжи кариерата од ова лето.