„Марка“: Димитриевски сѐ уште е голема желба на Валенсија

Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше инспирација за шпанска „Марка“ која напиша посебен текст за него, неговото значење за екипата на Рајо Ваљекано и неговата кариера по крајот на сезоната.

Денес, 25-годишникот ќе се соочи со Валенсија, клубот кој беше блиску до го доведе во текот на зимскиот преоден рок. Во последните моменти, тимот од Ваљекас се премисли и реши да го задржи во своите редови.

Тоа беше правилна одлука, бидејќи опстанокот во Примера во голема мера зависи од формата на македонскиот интернационалец кој ја игра една од најдобрите сезони во кариерата.

Според престижниот шпански медиум, чуварот на мрежата на Рајо сѐ уште е на врвот на листата засилувања на тренерот на „лилјаците“, Марселињо. Првиот голман на екипата од „Местаља“, Нето, брани во одлична форма и сигурно ќе добие многу примамливи понуди ова лето. Тешко дека екипата истите ќе ги одбие, но и ако тој да одлучи да остане, отворена е опцијата да се засили голманската позиција.

Тоа не е единствената опција за нашиот голман ова лето. Сигурно дека Димитриевски нема да сака да заигра во Сегунда при евентуално испаѓање, па може да се случи да се пресели во друга средина, а таа да не е Валенсија. 

Еспањол е уште една потенцијална екипа во која што тој би можел да ја продолжи кариерата. Каталонците имаат потреба од голмански услуги, со оглед на возраста на Диего Лопез (37 години), со кого најверојатно клубот ќе се раздели на крајот од сезоната.