• Зоран Мишевски

Битолски Пелистер ја започна реорганизацијата по најавената промена во структурите на клубот. Клубот го именува Марјан Секуловски за нов координатор на школата на клубот и тој ќе го заземе местото на Златко Цветановски. Се работи за поранешен фудбалер и тренер на нашиот клуб, познат по работната етика и професионалност.
Секуловски низ кариерата водел клубови од Првата лига и странство и бележел забележителни резултати. Нему му е доверена комплетната реконструкција на школата на клубот.
„Наскоро ќе ги објавиме и останатите промени. Клубот донесе одлуки за менаџментот и управувањето и деновиве на официјална прес-конференција ќе ги објави следните чекори. Наша цел е развојот започнат од претходната управа да продолжи и Пелистер да се стабилизира како прволигаш со особен значај во македонскиот фудба“, велат од клубот од Битола.
Пелистер ја заврши сезоната на шестото место, но најавува дека во идднина ќе игра уште позначајна улога во нашата елитна категорија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.