Марио Станковски тргна во прва странска авантура во Словенија

Македонскиот фудбалер Марио Станковски си замина од Работнички и ќе ја има првата авантура како играч во странство.

23-годишниот центарфор беше дел од „романтичарите“ долги години затоа што е производ од нивната школа, меѓутоа поради малата минутажа реши да си замине и доби понуда од Словенија која не ја одби.

Во периодот кој следи, Станковски ќе игра за екипата на НК Триглав Крањ. Во моментов Триглав е во второлигашкото друштво на земјата и се наоѓа на тринаесеттото место на табелата.

Станковски потекнува од школата на Работнички, а низ кариерата играше уште и за Борец, Саса, Гостивар, Тиквеш и Тетекс каде беше на позајмици.