• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Марио Младеновски имаше одличен старт на сезоната во Хрватска, со гол за победа за неговиот Вараждин.
Вараждин со резултат 2-1 го порази Хајдук Сплит во првото коло на ХНЛ-лигата, а Младеновски беше стрелец на првиот гол. Стоперот на мечот погоди во 53. минута, по асистенција на Чанјуга.
Во продолжението од мечот Хајдук израмни преку Пукшташ, а Мамиќ ги постави конечните 2-1. Во финишот на мечот Ливаја имаше шанса да израмни на 2-2, но го промаши пеналот досуден во 90. минута.





