• Мартин Танасковски
Хрватски „Спортске новости“ направи анализа на летните натпревари во хрватскиот шампионат пред продолжението на сезоната, а меѓу најдобрите има место за еден македонски фудбалер заради неговите игри.
Марио Младеновски, стоперот од Вараждин, ја доби оценката за најдобар стопер во хрватскиот шампионат во досегашниот дел. Повратникот во репрезентацијата на Македонија е дел од „летните јунаци“ со оценка 6,56, што е најдобро рангиран стопер од сите.
Младеновски се најде во идеалниот тим на досегашниот дел на сезоната. Настапи на осум од осум натпревари во досегашниот дел на ХНЛ.
Меѓу оние кои ја одбележаа досегашната сезона, ама не се во тимот заради што не ја исполнуваат квотата е и Илија Несторовски, напаѓачот на Славен Белупо кој исто така игра добра сезона во ХНЛ.
Комплетниот текст на „Спортске новости“ можете да го погледнете ТУКА.





