• Саше Љолес
Македонските фудбалери Марио Младеновски и Ване Јованов официјално се претставени како најнови засилувања за хрватскиот прволигаш, СНК Вараждин.
23-годишниот Младеновски мина две сезони во редовите на Шкупи, а претходно играше уште за бугарскиот Ботев Пловдив, данскиот Фремад Амагер, како и во домашните клубови, Вардар и Македонија Ѓорче Петров.
Ване Јованов доаѓа од редовите на штипска Брегалница, каде минатата сезона одигра 32 натпревари и беше неприкосновен на десната бековска позиција. Претходно ги бранеше боите на Победа, Саса, Вардар и Брера Струмица.
Се очекува двајцата да бидат солидни пополнувања во ростерот на хрватскиот клуб, кој минатата сезона ја заврши на шестата позиција во елитното првенство.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.