Марио Крстовски со пет гола го држи Домжале во словенечката елита

Екипата на Домжале избега од опасната зона во словенечкиот шампионат, а „виновник“ за тоа е македонскиот интернационалец Марио Крстовски кој игра во топ-форма.

25-годишниот напаѓач дојде во словенечкиот тим во месец јули и оваа полусезона импресионира. Во вкупно 13 настапи даде шест гола, а посебно добро е што Крстовски постигна пет од нив на последните шест натпревари.

На последните шест меча, Домжале има четири победи. Со тие бодови клубот избега од последното место на табелата.