Марио Илиевски замина од Унгарија – се пресели во ЦСКА Софија 1948!

Капитенот на младинската македонска репрезентација, Марио Илиевски, официјално е нов играч на бугарскиот клуб, ЦСКА 1948. 

22-годишниот Илиевски пристигнува во главниот град на Бугарија од унгарскиот клуб Кишварда, а претходно ги бранеше боите на Септември Софија, Вардар Неготино и Тиквеш од Кавадарци. 

За младата репрезентација на Македонија досега одигра 28 натпревари и постигна пет голови.