ВИДЕО: Марио Геце е класа – даде гол на дебито за ПСВ по девет минути

Германскиот фудбалер Марио Геце за првпат заигра во холандската Ередивизие и стартуваше со гол и победа во дресот на ПСВ Ајндховен (0-3) на гости кај Цволе.

Играчот кој пристигна како слободен во Холандија тргна со гол по само девет минути. Геце максимално ја искористи грешката на еден дефанзивец, ја украде топката пред голманот, па го мина и погоди во празната мрежа.

  • Голот на Марио Геце за ПСВ Ајндховен против Цволе:

ПСВ по пет кола во холандскиот шампионат е лидер на табелата и има четири победи и едно реми.