Марио Балотели најде нов клуб и се врати во Серија А!

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели се врати дома. Повторно ќе игра во Серија А, каде ќе го носи дресот на Џенова.

34-годишниот центарфор неколку месеци беше без клуб, а последно настапуваше за Адана Демирспор во Турција за која на 16 меча даде седум гола.

Балотели со Џенова потпиша договор до јуни 2025 година, а ќе добие 400.000 евра плата за ангажманот во калчото.

Марио Балотели е поранешен италијански репрезентативец, а покрај во Турција играше и за швајцарски Сион, италијански Монца, Бреша, Милан, Интер, потоа англиски Ливерпул и Манчестер Сити, француски Ница и Марсеј...