ВИДЕО: Маријано Диаз го препороди Алавес, Севиља во 97. минута го сруши Рајо!

Депортиво Алавес оствари убедлива победа од 3-0 (0-0) против Хетафе во воведниот натпревар од новата сезона во шпанската Примера. Натпреварот на стадионот „Мендисороза“ го одбележаа неколку клучни моменти. Гостите останаа со десет играчи на теренот откако Кико Феменија заработи исклучување.

  • Алавес - Хетафе 3-0:

Со играч повеќе на теренот, Алавес целосно ја презеде контролата врс играта во второто полувреме. Голема улога во победата имаше Маријано Диаз, кој одигра одличен натпревар. Нахуел Тенаља во 73. минута и Маријано Диаз и Микел Родригез во судиското надополнување ги постигнаа головите за Баскијците.

  • Севиља - Рајо Ваљекано 2-1:

Севиља оствари драматична победа од 2-1 против Рајо Ваљекано на својот „Рамон Санчез Писхуан“. Натпреварот понуди голем пресврт и возбудлива завршница. Рајо Ваљекано поведе уште во четвртата минута со голот на Алваро Гарсија Ривера. Домаќините успеаја да израмнат во 52. минута, кога Џон Гуриди беше прецизен од пенал. Севиља остана со играч помалку во 88. минута по исклучувањето на Кике Салас. И покрај тоа што беа со десетмина на теренот, фудбалерите на Севиља стигнаа до целосен пресврт во 97-мата минута, благодарение на уште еден успешно реализиран пенал од страна на Жерард „Пеке“ Фернандез.