Марибор го позајми Бехар Фета во Домжале

Македонскиот интернационалец Бехар Фета сезоната ќе ја продолжи во друг клуб, затоа што Марибор реши да го отстапи во екипа од словенечкиот шампионат.

Словенечкиот тим се засили на повеќе позиции, па така 21-годишникот стана прекуброен. Фета ќе ја продолжи кариерата во тимот на Домжале, во кој своевремено настапуваа наши репрезенти како Агим Ибраими, Зени Хусмани и Драган Чадиковски, а сегашен член е Марио Крстовски.

Фета ќе биде позајмен во Домжале до крајот на сезоната 2024/25. Десниот крилен играч пристигна во Словенија во 2023 година од Воска Спорт и одигра пет натпревари на кои забележа две асистенции.