Марез против Мане за круната на африканскиот континент

Марез Мане

Денес Африка ќе добие нов шампион. Алжир и Сенегал ќе се соочат во големото финале и ќе играат за да го наследат Камерун на местото нов владетел на континентот. Овие две репрезентации веќе одиграа еден натпревар на овогодишниот турнир. Алжирските репрезентативци победија со минимални 1-0. Кај Сенегалците владее еуфорија за одмазда, но и за прва титула во натпреварувањето во својата историја.

Финалниот меч ќе биде судир и на двата капитени и најпознати фудбалери на селекциите, Ријад Марез и Садио Мане. Тие на јавноста и се познати по директните дуели во Премиер лигата носејќи ги дресовите на Манчестер Сити и Ливерпул

Најзвучното отсуство ќе биде сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали. Тој е санкциониран поради жолти картони и нема да биде во можност да и помогне на својата репрезентација на овој историски ден.

Алжирците ќе играат за втората титула во својата историја. Тие покажаа можеби најубав фудбал и постигнаа најмногу голови (12) на овогодишното издание на турнирот. 

Финалето меѓу Сенегал и Алжир се игра вечерва со почеток од 21:00 часот.