ВИДЕО: Марез го „отвори“ ПСЖ – клучниот пас дојде од голманот Едерсон!

Ријад Марез успеа да го отвори резултатот на „Итихад“, а Манчестер Сити рано поведе на реванш дуелот од Лигата на шампионите против ПСЖ. Иако гостите добија пенал, откако Куиперс се посомнева дека Зинченко играл со рака, одлуката беше променета по преглед на снимката, а потоа дојде и казната. 

Интересно, во оваа акција клучниот пас беше дело на голманот Едерсон. Бразилецот со неверојатно исфрлена топка го пронајде Зинченко, а во продолжението на акцијата Марез стрелаше од втор план. 

  • Голот на Марез против ПСЖ:

Алжирецот беше стрелец и на првиот натпревар на „Паркот на принцовите“, а овојпат голот дополнително му ја отежна ситуацијата на гостинот.