ВИДЕО: Марез ги растури Колумбијците, Уругвај се спаси од пораз во Лима

Во еден од последните термини за одигрување на пријателски натпревари пред стартот на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година, Перу и Уругвај одиграа без победник (1-1). Во реприза од четвртфиналето на Копа Америка во Бразил ова лето, Дарвин Њуњез со гол во 80. минута го спаси Уругвај од пораз на гостувањето во Лима.

Првакот на Африка, Алжир убедливо го надигра колумбискиот состав со 3-0. Ѕвездата на Манчестер Сити, Ријад Марез беше автор на два гола, а еден постигна Багдад Бунедхаџ.

  • Перу - Уругвај 1-1: 

  • Алжир - Колумбија 3-0: 

Во останатите тест-натпревари, Боливија ги надигра Хаити со 3-1, а Чиле беше подобар од Гвинеја со 3-2.