ВИДЕО: Марез ги однесе Алжирците во четвртфиналето на Купот на Африка

Алжир е селекцијата која остави најсилен впечаток во осминафиналните натпревари на Купот на Африка. Во шестото осминафинале „пустинските лисици“ убедливо ја совладаа Гвинеја со 3-0 (1-0) и закажаа дуел со Мадагаскар.

Лидер на алжирската селекција беше Ријад Марез, кој со неколку асистенции и еден постигнат гол ги потопи ривалите. Меѓу стрелците се запишаа Балаили и Унас.

  • Извештај од натпреварот:

Утре се играат последните осминафиналните натпревари, а се среќаваат Мали - Брегот на Слоновата коска и Гана - Тунис.