Мареска: Сите во Челзи се мотивирани за освојување уште еден значаен трофеј!

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, го најави настапот на неговиот тим на Светското клупско првенство, истакнувајќи дека лондонските „сини“ ќе добијат малку поинаков и освежен лик. 

Италијанскиот стратег призна дека екипата сака да стигне што подалеку на турнирот, а самодовербата е голема по освојувањето на трофејот во Конференциската лига на УЕФА. 

„Имаме неколку повратници и свежи засилувања. Знам дека сите сакаме да одмориме, но тоа ќе го направиме после клупскиот Мундијал. Имавме солидна сезона, а сега посакувам да стигнеме што подалеку на овој турнир. Прво се фокусираме на мечот со Лос Анџелес, а потоа ќе одиме чекор по чекор. 

Светското клупско првенство е добра можност за воигрување, ќе им дадеме шанса на повеќе фудбалери. Колективот е мотивиран после трофејот во Конференциската лига. Не гледам причина зошто да не се вратиме дома со уште една значајна титула“, рече Мареска. 

Челзи ќе ја отвори својата авантура на клупскиот Мундијал со натпреварот против Лос Анџелес ФЦ, кој ќе се одигра на 16 јуни во 21:00 часот.  

ФОТО/PHOTO: Chelsea FC/Facebook