• Горан Упале

Манчестер Сити подготвува изненадувачки потег на трансфер пазарот и сериозно е заинтересиран за крилниот напаѓач на Челзи, Педро Нето.
Според информациите од Англија, менаџерот Енцо Мареска, кој веќе соработуваше со португалскиот репрезентативец во Лондон, го гледа Нето како идеално засилување за офанзивната линија на „граѓаните“.
Интерес за 25-годишниот фудбалер покажува и Тотенхем, но лондонскиот клуб во моментов предност им дава на другите трансфер цели, како Савињо и Коди Гакпо.
Останува да се види дали Челзи ќе биде подготвен да го продаде Нето на директен ривал од Премиер лигата, но јасно е дека Португалецот е едно од најбараните крилни засилувања во актуелниот преоден рок.


