Мареска „пречкрта“ четворица за клупскиот Мундијал и најави голема чистка во Челзи!

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, го објави списокот на фудбалери кои ќе патуваат на Светското клупско првенство, а таму немаше место за четворица значајни играчи - Рахим Стерлинг, Жоао Феликс, Аксел Дисаси и голманот Ѓорѓе Петровиќ. 

Овие фудбалери сигурно заминуваат од лондонските „сини“, а воедно е најавена и „чистка“ на уште неколку играчи на кои Италијанецот нема да смета во иднина. Навивачите оваа одлука ја нарекоа „храбра“ и очекуваат нови засилувања во текот на летниот преоден рок. 

Мареска сака да доведе играчи кои вистински ќе можат да одговорат на неговите задачи и сака да се ослободи од оние што имаа статус на ѕвезди, а не прикажаа ништо посебно. Челзи ја освои Конференциската лига на УЕФА и заврши на четвртото место во Премиер лигата, што значи дека следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите. 

ФОТО/PHOTO: Chelsea FC