• Саше Љолес

Италијанецот Енцо Мареска беше задоволен после победата на неговиот Челзи над Вулверхемптон (3-1) и изјави дека овој натпревар би можел да биде голема пресвртница во сезоната за „сините“.
Лондончани победија во Премиер лигата после повеќе од еден месец, а Мареска ги пофали фудбалерите и рече дека очекува нова низа успешни резултати.
„Имавме проблеми со Вулверхемптон, малку изненадија со контролата врз играта, но успеавме да победиме и тоа е најважно. Знам дека имавме проблеми и долго се мачевме, но навивачите беа покрај нас и ни даваа безрезервна поддршка.
Се надевам дека овој натпревар може да биде пресвртница за нас, сите очекуваме нова серија позитивни резултати. Сакаме да се пласираме во Лигата на шампионите, тоа е за нас главна цел сезонава“, изјави Мареска.
Челзи има 40 бода и се врати на четвртата позиција на табелата, а во следното коло ќе патува на тешко гостување кај актуелниот шампион, Манчестер Сити.