• Саше Љолес
Англискиот премиерлигаш Челзи има навистина успешна сезона зад себе. „Сините“ од Лондон триумфираа во Конфренциската лига на УЕФА, обезбедија пласман во Лигата на шампионите, а сега имаат можност и да го изненадат европскиот првак ПСЖ во финалето на клупскиот Мундијал.
Еден од најзаслужните за овие успеси е секако тренерот Енцо Мареска, кој во пресрет на финалето изјави дека сите во неговиот тим мечтаат за голем триумф над париските „светци“.
„Имаме одлична сезона зад себе, но не сакаме да се залажуваме дека сме ја завршиле мисијата. Мојот тим е млад, составен од играчи што допрва ќе се докажуваат. Мојата цел е да создадам компактен колектив и да не дозволам работите да излезат од контрола.
Тренираме одлично во текот на целиот турнир и гледам неверојатна страст кај играчите. Сите сакаат нов голем триумф во своите кариери, а доколку го совладаме ПСЖ ќе биде навистина фантастично.
Во ниту еден момент не забораваме дека ривалот ја има фаворитската улога, но финалето е еден меч и може да видиме разни сценарија. Ако одиграме со ум и ако сме максимално фокусирани на теренот, мислам дека можеме да ја освоиме титулата“, рече Мареска.
Големото финале на Светското клупско првенство ќе се одигра на 13 јули во 21:00 часот.
ФОТО/PHOTO: FIFA


