• Саше Љолес

Иако веќе реализираше неколку значајни трансфери, Манчестер Сити не планира да застане со доведување нови играчи. Новиот менаџер Енцо Мареска сака дополнително да го засили тимот, но прво се очекуваат и неколку заминувања.
Најмногу внимание привлекува иднината на Родри, кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Доколку шпанскиот репрезентативец замине, една од опциите за засилување е талентираниот Ајуб Буади од Лил, иако тој не се гледа како директна замена.
На излезната врата се и неколку фудбалери кои не се во прв план. Џек Грилиш, Калвин Филипс, Нико Гонзалес, Џејмс Мекати и Савињо би можеле да го напуштат клубот доколку пристигнат соодветни понуди, а неизвесна е и иднината на Омар Мармуш.
Во случај да си замине резервниот голман Џејмс Трафорд, Сити разгледува можност да го ангажира искусниот аргентински чувар на мрежата Херонимо Руљи од Олимпик Марсеј.
Од друга страна, клубот нема намера да се раздели со Рубен Диаш, и покрај интересот од Реал Мадрид. Како потенцијални засилувања се споменуваат Педро Нето, како и двоецот на Челзи - Енцо Фернандез и Мало Густо. Овие потези сигурно би биле едни од најголемите во летниот преоден рок.
Мареска потврди дека клубот бара засилувања на три до четири позиции, меѓу кои се играч за врска, напаѓач, голман и десен бек, а се очекува најголем дел од потезите да бидат реализирани во финишот на преодниот рок.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

