Мареска ја смирува еуфоријата: Челзи не е кандидат за титулата во ПЛ!

Италијанскиот тренер Енцо Мареска врши одлична работа со екипата на Челзи и конечно го пронајде вистинскиот рецепт за издигнување на тимот од лошите резултати кои ги бележеше во изминатите неколку сезони. 

Челзи на чудесен начин славеше со конечни 3-4 во лондонското дерби против Тотенхем и се доближи на само четири бода до Ливерпул, но Мареска се обиде да ја смири еуфоријата со изјава која помалку ги изненади сите навивачи на „сините“. 

„Искрено, и јас сум изненаден од некои резултати што ги остваривме. Имаме одличен тим кој постојано расте и мислам дека сме на добар пат.

Да бидеме сериозни, мораме да признаеме дека не сме кандидати за титулата и дека сме далеку од нашите ривали.

Ние ќе се трудиме да победиме на секој натпревар, но ве молам, без еуфорија и преголеми очекувања. Одиме чекор по чекор“, рече Мареска. 

Челзи досега оствари учинок од девет победи, четири ремија и само два порази. Во следното коло „сините“ од Лондон на домашен терен ќе го пречекаат незгодниот тим на Брентфорд.  

Состави

Анге Постекоглу

4-3-3

    Енцо Мареска

    4-2-3-1