ВИДЕО: Марера е пенал мајсторот, Реал Сосиедад го освои Купот на Кралот!

Реал Сосиедад е сензационален освојувач на Купот на Кралот, откако по изведување на пенали го совлада Атлетико Мадрид со 4-3, откако дуелот на „Картуха“ во Севиља заврши 2-2 по деведесет минути.

  • Извештај од натпреварот:

Првото полувреме на Севиља донесе вистинска драма и три погодоци, а баскискиот тим замина на пауза со предност од 1-2. Натпреварот започна шокантно за „јорганџиите“, бидејќи Андер Баренечеа погоди по само четиринаесет секунди игра, носејќи рано водство за Реал Сосиедад. Ова беше еден од најбрзите голови во историјата на финалињата во ова натпреварување. 

Атлетико Мадрид се обиде брзо да се врати во игра и тоа му успеа во 18. минута, кога Адемола Лукман со силен и прецизен удар, на додавање на Антоан Гризман, израмни на 1-1.  Сепак, гостите повторно зададоа удар пред паузата. Во првата минута од судиското надополнување баскискиот тим доби најстрога казна по стартот на Мусо врз Гуедес, а сигурен реализатор на ударот од единаесет метри беше Микел Ојарзабал за 1-2 за Реал Сосиедад на полувреме. 

Во второто полувреме полуфиналистот во Лигата на шампионите имаше целосна доминација на теренот, а тоа донесе резултат во 83 минута кога Јулиан Аларез го матираше Мареро и на својот тим му обезбеди продолженија. Атлетико можеше да го реши натпреварот и во регуларниот дел, но Серлот и Кардозо не беа прецизни во своите обиди. 

Во дополнителните триесет минути екипите делуваа уморно, но креираа неколку шанси за победоносен погодок. Следуваше пенал-рулетот, во кој јунак беше Мареро и бранејќи ги пеналите на Сорлот и Алварез на Реал Сосиедад му донесе историски трофеј од Купот на Кралот.